Алкараз си закажа финале против Медведев на Индијан Велс

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Индијан Велс, откако со 2-0 во сетови беше подобар од Италијанецот Јаник Синер.

Алкараз со 7-6 и 6-3 во сетови го совлада талентираниот Синер, па денеска ќе игра против Русинот Данил Медведев за титулата на Индијан Велс, но и за враќање на првото место на АТП-листата.

Шпанецот ќе се врати на тронот доколку слави во финалето, затоа што на Новак Ѓоковиќ и оваа година не му беше дозволено да настапи на турнирите во САД бидејќи не е вакциниран против ковид-19.

Медведев претходно се пласира во финале, откако беше подобар со 7-5 и 7-6 од Американецот Френсис Тиафо.