Алкараз шокиран уште на стартот: Руд победи и го помина Ѓоковиќ
Малкумина очекуваа ваков исход од овој меч ако се знае дека Алкараз допатува во Италија како еден од главните фаворити за титулата, а групната фаза требаше да биде само загревање за него. Руд го изненади, особено во првиот сет во кој, по 1-1, освои пет гема во низа за водство од 1-0 во сетови.
Во вториот сет, Шпанецот прв направи брејк, водеше со 5-2, но повторно му дозволи на Руд да освои четири гема по ред и да дојде до првата победа која му ги зголемува шансите за пласман во полуфиналето.
Меѓу другото, тој го помина Новак Ѓоковиќ на АТП листата и идната недела ќе биде најмалку шестопласиран. Шанса да го поминат Србинот во Торино имаат и Рубљев и Де Минор на кои им треба една победа.