Алкараз обезбеди „виза“ за Торино, Ѓоковиќ уште не е сигурен

Развојот на настаните на турнирите кои се одржуваат во моментов придонес Карлос Алкараз да обезбеди пласман на завршниот Мастерс во Торино.

Тој е трет тенисер кој успеа да се пласира на овој турнир, по Јаник Синер и Александер Зверев, а во претстојниот месец ќе бидат и останатите петмина кои ќе учествуваат во Торино. Интересно е тоа што Новак Ѓоковиќ се уште се наоѓа на деветтото место, а учество на турнирот обезбедуваат само првите осуммина.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ATP Tour (@atptour)

Србинот ќе има два турнира за да влезе во топ-8 бидејќи досега е најавено учеството само на Мастерсите во Шангај и Париз. Сепак, тој неодамна изјави дека настапот во Торино не му е главна цел и дека нема по секоја цена да брка пласман меѓу најдобрите осум. Интересно е тоа што титулата освоена лани во Торино е последна за него на АТП турнирите, а цела 2024 е без пехар.