
Алкараз: Ќе победам на Вимблдон - сигурен сум во тоа!
Тој по средбата изјави дека се чувствува далеку посигурно на оваа подлога и дека се надева дека ќе игра дури и подобро во иднина.
„Ова дефинитивно е мојот најдобар меч на трева. Позрел сум, а кога ќе стекнам поголемо искуство сигурен сум дека ќе бидам уште подобар“, изјави Алкараз.
Шпанецот е среќен поради добрата форма во пресрет на „Вимблдон“, третиот годинешен гренслем-турнир, кој традиционално се игра во последната недела од јуни и првата од јули.
„Пробувам да учам од најдобрите на трева и чувствувам дека напредувам. Сигурен сум дека барем еднаш во кариерата ќе триумфирам на Вимблдон“, дополни Алкараз.
Него ривал за пласман во финалето во Квинс ќе му биде Себастијан Корда.