
Алкараз и Медведев без проблеми до четвртфиналето во Мајами
Алкараз е прв носител на турнирот и засега ја оправдува таквата улога, тој го совлада Томи Пол со 6-4 и 6-4.
Во четвртфиналето Шпанецот ќе игра со уште еден Американец, Тејлор Фриц кој со 2-0 беше подобар од Руне.
Данил Медведев со 2-0 беше подобар од Хлис, го доби со 6-4 и 6-2 и се пласира меѓу осумте најдобри во Мајами.
Тој во четвртфиналето ќе игра против Еубанкс кој со 2-0 беше подобар од Манарино.
Другите две четвртфинални двојки се Русувуори - Синер и Хачанов - Керундоло.