
Алкараз без проблеми до осминафинале во Индијан Велс!
Тој доминираше на теренот и го освои првиот сет со убедливи 6-2, реализирајќи три брејка, додека Шаповалов успеа да врати само еден. Во вториот сет, играта беше поизедначена до 3-3, но Шпанецот потоа направи клучен исчекор и со 6-4 ја запечати победата за помалку од час и половина игра. Алкараз во следната рунда ќе се соочи со Григор Димитров, кој по голема битка го елиминираше Гаел Монфилс со 7-6, 4-6, 7-6.
Крај на Индијан Велс е за тенисерот кој го шокира Новак Ѓоковиќ, бидејќи Франциско Черундоло беше подобар од Ботик ван де Зандшулп со сигурни 2-0. Без загубен сет до победа стигна и Алекс Де Минер во малото дерби со Хуберт Хуркач (2-0), Фриц го исфрли Табило (2-1), Накашима беше подобар од Арналди (2-0), а Шелтон триумфира со Хачанов (2-0).