Трагедија во Норвешка: Млада словенечка скијачка ја прегазил камион!

Голема трагедија се случила во Норвешка, каде за време на подготовките за новата сезона, трагично загинала младата словенечка скијачка Хана Јамник (19).

Јамник како што објави скијачката федерација на Словенија загинала во трагичен инцидент, без детали што се случило за време на подготовките за новата сезона. Но, како што објавуваат норвешки медиуми, Хана ја прегазил камион на магистралата 523 во 8.41 часот утринава. Таа имала сув тренинг на скејтборд и летнала под камионот.

Тешко повредена со хеликоптер била пренесена во Ставангер, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот и околу 14 часот денеска била констатирана смрт.

Возачот на камионот е обвинет за кршење на сообраќајните правила, но тој одбил да признае вина, тврдејќи дека се работи за несреќен случај.