Никој како Линдзи Вон: Минатата недела стравично падна, а сега е победничка во супер-џи

Американката Линдзи Вон победи на супервелеслаломот на трката во Вал Д’Изер, во рамки на Светскиот куп.

Иако минатата недела имаше страшно паѓање, Вон се врати и беше најбрза со време 1:04.86. За 31 стотинка беше побрза од Италијанката Софија Гоџа и дополнителни осум од Норвежанката Рагнилд Мовинкел.

Ова е 78. победа во кариерата на Американката, но прва уште од јануари.  Со неа се приближи на апсолутниот рекорд на Ингемар Стенмарк, кој има 86 победи во Светскиот куп, во својата кариера.

Таа имаше тежок пад во Лејк Луис, пред само пет дена, но успеа да се врати и да победи. Во поредокот за супер-џи и понатаму води Тина Вајрајтер од Лихтенштајн со 160 бода, а во вкупниот поредок прва е Микаела Шифрин од САД со 521 бод.