Килде со победа во Канада ја отвори новата скијачка сезона!

Норвежанец Амот Килде (39 години), ланскиот победник во спуст и супервелеслалом, со победа ја отвори новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање триумфирајќи во спуст-трката во канадскиот зимски центар Лејк Луси.

Тој патеката долга три километри ја мина за 1:47,98 минути и заврши пред Даниел Хемецберг (Австрија), кој заостана шест стотинки, а третопласираниот беше Швајцарец Марк Одермат, кого од првата победа во спуст го делеа само десет стотинки.

За Килде ова беше 14. победа во кариерата во трките од Светскиот куп, со оглед што има по седум триумфи во спуст и во супервелеслалом. По две трки во новата сезона во водство во генералниот пласман е Одермат со 160 бодови, а втор е Килде со 100 бодови.