Форд го прекина постот на Американците во Бивер Крик

Цели пет години ниту еден Американец немаше славено на трката во супер џи на домашен терен во „Бивер Крик“ до денешната, кога Томи Форд стигна до првото место на подиумот. 

За 30-годишниот скијач од САД, тоа беше прва победа во кариерата во Светскиот скијачки куп. Форд во двете трки имаше вкупно време од 2:31,25 минути, додека по него следуваа двајца Норвежани, Хенрик Криштоферсен и Леиф Кристијан Нестволд-Хауген.

Ова беше последната трка во Северна Америка, па Купот се сели во Европа. Следува преселба во Франција, поточно во „Валдизер“, каде ќе се возат трки во супер џи и слалом.