Олимписката шампионка открива: Ние се натпреваруваме со измамници!

Олимписката шампионка од Рио де Жанеиро, Американката Лили Кинг (22), ја обвини Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) дека не работи доволно во борбата против допингот.

Таа откри дека кинескиот пливач Сун Јанг, кој ќе настапи на Светското првенство во Гванжу, ги уништил сите крвни примероци.

Не ми се допаѓа како ФИНА се занимава со допинг контролите. Нешто ќе мора да направи околу ова. Тажно е што сите пливавме со изманици, а тиа веројатно ќе настапуваат и на ова Светско првенство. За почеток треба да им биде забранет настапот на оние кои ги уништуваат своите примероци од крвта, изјави Лили, која на ОИ во Рио го освои златниот медал на 100 метри, како и во штафетата 4х100.

Оваа нејзина изјава доаѓа откако трикратниот олимписки победник Сун Јанг не е суспендиран од ФИНА и покрај тоа што ги уништи своите крвни примероци. Инаку, тој е актуелен светски шампион на 200 и 400 метри, а освои и олимписко злато на 200, 400 у 1500 метри. Пред пет години падна на допинг тест поради што беше суспендиран на три месеци, и воедно ја одлежа казната. Но, доколку повторно биде казнет му се заканува доживотна суспензија.