Трагедија во Русија: Млад хокеар почина на тренинг!

Хокеар на Јужен Урал, Пол Крути почина на 23 години, а информацијата ја објави Првата хокеарска лига. Играчот колабирал во текот на тренингот, по што докторите се обиделе да го спасат, но не успеале.

Хокеарот кога пристигнал на тренинг кажал дека се чувствува лошо, а прва помош му дал докторот на клубот.

„Дијагнозата е белодробен емболизам, а хокеарот претходно не се жалел дека има некакви проблеми“, пишува во соопштението.