Стравична повреда на хокеарски меч во Словачка, тешко настрада - новинарка (ФОТО 18+)

На хокеј натпревар во Словачка помеѓу тимовите на Бањска Бистрица и Попрад се случи бизарен инцидент, по кој новинарка заврши со тешки повреди. 

Барбора Зиачикова заработи сериозна повреда на окото откако пак случајно ја удри пак, залутан од натпреварот. Новинарката седела во делот од арената каде нема заштитно стакло помеѓу двете клупи на тимовите. Пакот ја удрил во лицето и таа се здобила со тешки повреди, скршена коска, потрес на мозокот и голема расекотина. Докторите се борат да и го спасат видот на повреденото око.