Шок: Јапонија се откажува од организација на ЛОИ во Токио?!

Светските медиуми објавија дека јапонската Влада, наводно, решила да ги одложи повторно Олимписките игри (ОИ) во Токио поради коронавирусот, а нивниот план е да се фокусираат на одржување на големиот настан дури во 2032 година.

Според еден од членовите на Владата постои договор ОИ да бидат откажани, но тој вели дека никој не сака да излезе прв во јавност и да ги разочара фановите и спортистите, кои долго чекаат настап на натпреварувањето.

Јапонскиот министер Јошихиде Суга претходно порача дека ОИ мора да се одржат во 2021 година и тоа за него е доказ за победата на човештвото против коронавирусот, но информациите кои пристигнуваат од Јапонија не се воопшто охрабрувачки.

ОИ во Токио требаше да се одржат во 2020 година, но тие беа одложени за една година поради пандемијата, која одзема голем број човечки животи.

Доколку бидат откажани ОИ, тогаш тоа ќе биде за првпат уште од Втората светска војна и ќе го чинат Меѓународниот олимписки комитет повеќе од еден милион долари за телевизиски права.