Русинките не го поминаа испитот: Канада ќе се бори за златен медал!

Женската репрезентација на Канада во хокеј на мраз ќе се бори за златниот медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг.

Канаѓанките во полуфиналето ги совладаа Русинките со 5-0. До прво водство стигнаа во првата третина со голот на Вејкфилд, а потоа Пулин ја зголеми предноста.

Во последната третина во листата со стрелци се запиша повторно Вејкфилд, а потоа стрелаа и Кларк и Џонстон.

Канаѓанките во финале ќе играат против селекцијата на САД додека Русија ќе се бори против Финска за бронзениот медал.