Ристовски: Ако сте спортсмени, нема да изберете претседател со половина празни столчиња!

Пред крајниот избор за претседател на МОК, до присутните на Собранието, во улога на гостин, се обрати Борко Ристовски, голманот на Вардар и советник за спорт во опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Тој побара од раководството да покаже сенс и да не дозволи избирање прв човек во ситуација кога речиси половина столчиња во салата се празни, по напуштањето на одреден број членови, пред сѐ тие што ја поддржуваа Александра Војнеска-Зикова во борбата против Даниел Димевски.

„Македонија не заслужува ваков избор за претседател на МОК. Не смеете да си дозволите да бидате со половина празни столчиња, тоа е пораз за сите. Велите дека вашата противничка не ги исполнува условите, ама јас знам дека и вие не ги исполнувате, бидејќи само три години бевте предводник на КФМ во регуларни услови, а другите под блокирана сметка. Жал ми е што легенди како Перо Антиќ, Тодор Гечевски и Наумче Мојсоски се дел од едно ваква фарса. Политиката треба да биде надвор од спортот. Апелирам до сите вас како спортски работници да им дадете шанса и на тие што не се тука“, рече Борко.

Излагањето на голманот на црвено-црните наиде на негодување кај дел од присутните членови, па дури и имаше вербална пресмекта со дел од нив.