Рекорден договор: Фрлач во бејзбол ќе заработи цели – 324 милиони долари!
Кол не го урна рекордот на Мајкл Траут, кој годинава потпиша договор вреден 426 милиони долари, но станува збор за соработка на 12 години.
Ова е рекорден договор во историјата на бејзболот за еден фрлач, а претходниот рекорд го имаше Стивен Старсбург, кој доби 245 милиони долари, а над 200 милиони добија и Дејвид Прајс, Кејтон Кершо и Марк Шерцер.
Кол е еден од најдобрите бејзбол играчи во светот и во досегашниот дел од кариерата настсапуваше за Питсбург пајрет и Хјустон асторс.