
Прв успех на Македонците на ЛОИ - се сликаа со Ѓоковиќ! (ФОТО)
Меѓу тие што успеаја да дојдат до најдобриот светски тенисер беа и членови на македонската делегација, кои дури дојдоа и до заеднички фотографии со српскиот ас. Денеска тоа го направија пливачот Филип Деркоски, како и Дарко Костовски, тренерот на таеквондистот, Дејан Георгиевски.
„Си посакавме златни медали со Новак. Поддршка за Деки и Македонија од врвниот светски спортски ас“, напиша Костовски на Фејсбук.
Македонија на ЛОИ во Токио ќе ја претставуваат осум спортисти и тоа пливачите Деркоски и Миа Блажевска-Еминова, атлетичарот Јован Стојоски, потоа Борјан Бранковски во стрелаштво, таеквондистот Георгиевски, каратистката Јована Пулексенија, џудистката Арбреша Реџепи и борачот Могамедгаджи Нуров.