
Полски новинар е суспендиран зашто отворањето на Игрите во Париз го нарекол – комунистичко!
„Инцидентот“ се случи додека француската пејачка, Џулиет Арманет, ја отпеа песната „Имеџин“ на Џон Ленон, која се смета за неофицијална олимписка химна. Во него, лидерот на групата „Битлси“ за свет без рај, без нации и без религија. Додека песната одеше во позадина, коментаторот на Телевизија Полска, Пшемислав Бабијарц рече: „Свет без небо, нација и религија. Ова е визија за мир што треба да важи за сите луѓе. За жал, тоа е визија на комунизмот“.
Набрзо стигна и реакцијата на неговата медиумска куќа: „Взаемно разбирање, толеранција, помирување - тоа не се само основни олимписки идеи, тие се и основата на стандардите кои ја водат полската телевизија. Немаме разбирање за тие кои ги прекршуваат. Сакаме да ве известиме дека по вчерашните скандалозни зборови новинарот Бабијарц е суспендиран и повеќе нема да биде коментатор за време на Олимписките игри“.