Организаторите на маки: Интересот за ЗОИ преслаб поради страв од војна во Северна Кореја

На стартот на идната година центар на спортските збиднувања ќе бидат Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг, во Јужна Кореја, но на неполни три месеци до најголемиот зимски спортски фестивал, интерес за Игрите – речиси и да нема.

Причина? Потенцијалната опасност и ептен затегнатите односи со Северна Кореја! На корејскиот полуостров во последно време ситуацијата е крајно напната, особено по воената реторика помеѓу севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун и американската администрација на чело со првиот човек на САД, Доналд Трамп. Поради оваа ситуација, во Јужна Кореја, но и во околните земји интерес нема никаков, како да не се одржуваат Зимски игри за неполни три месеци.

Иако се тврди дека безбедносните мерки ќе бидат на највисоко ниво, за да не се случи ни најмал инцидент, јасно е дека ситуацијата не е едноставна и разбирливо е дека интересот е никаков. Сочи во 2014 година ги организираше Зимските игри и организаторите остварија резултати под очекувањата, но Пјонгчанг засега има уште полоши резултати, околу продажбата на билети и резервацијата на хотелите за претстојните двенеделини збуднувања на борилиштата.

Точно, 1,06 милиони билети има во продажба за спортските настани, а досега едвај се продадени 40 отсто од истите. И тоа најмногу на странци. Корејците речиси и да не купуваат влезници.

Веќе се најавува дека овие ЗОИ во Јужна Кореја може да постават неславен рекорд, со најмалку продадени влезници и најнепосетени игри