Новозеландските рагбисти одиграа специјална Хака за – Диего Марадона (ВИДЕО)

Аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона кој прерано почина во средата не беше само инспирација на секој фудбалер, туку и на секој спортист, па новозеландските рагбисти денеска одигра посебна Хака во негова чест пред пресметката со Аргентинците.

Новозеланѓаните ги наежија сите откако поставија дрес со бројот 10 на теренот со името на големиот Диего, а потоа го одиграа својот рутуален танц во негова чест, предизвикувајќи многу солзи кај аргентинските рагбисти кои го гледаа перформансот на своите ривали.