Нов рекорд во брзо лизгање, Лоренцен се закити со злато!

Норвежанецот Ховар Лоренцен постави нов Олимписки рекорд во брзо лизгање на 500 метри, со кој стигна и до првото злато на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг.

Неколку пати беше рушен рекордот на патеката, а тоа прв пат му успеа на Кореецот Ча Мин Кју, кој стигна на целта со време од 34,42.

Но набрзо целата еуфорија помеѓу домашната публика ја уништи Норвежанецот Лоренцен, кој го сруши тукушто поставеното најдобро време на ЗОИ, откако побрз беше за една стотинка додека на подиумот успеа да се искачи и Кинезот Гао со време од 34,65.