Најголемиот трансфер во историјата на гејмингот вреден - 5 милиони долари!

Гејмингот моментално е најбрзо растечката индустрија во светот. Е-спортот се развива со неверојатна брзина, а од парите кои се вртат на турнирите може да ви се „слоши“.

Колку за илустрација, минатата година победникот во Светското првенство во „Фортанјт“ доби 3 милиони долари. Денеска пристигнува информацијата дека се случил веројатно најголемиот трансфер во историјата на гејмингот.

Хрватот Лука Перковиќ попознат по прекарот Перкз потпиша за американскиот тим „Клауд9“. Шпекулациите низ социјалните мрежи велат дека „Клауд9“ платил неверојатнi пет милиони долари обештетување за да го доведе Перкс од тимот на „Г2“.

Тој важи за едне од најдобрите играчи на „Лиг оф леџендс“ во Европа и го водеше „Г2“ до дури осум шампионски титули. Ова се неверојатни бројки кои уште еднаш докажуваат дека гејмингот е фантастичен бизнис и голема индустрија.