Маестралната Бјерген е најдобра олимпијка во историјата!

Неверојатната 37-годишна Норвежанка, Марит Бјерген испиша нови страници на историја затоа што е единствена спортистка, која во Пјонгчанг успеа да освои пет медали.

Норвежанката освои златен медал во скијачко трчање на 30 километри и со тоа таа ги сруши сите рекорди зашто ниту еден спортист претходно не стигнал до 15 олимписки медали. До своето осмо злато таа стигна на доминантен начин и на целта стигна со скоро две минути предност пред второпласираната Кристи Пармакоски и Швеѓанката Нилсон.