Кина избега на врвот на листата на медали – има дури пет злата повеќе од САД (ФОТО)

Најмногубројната земја на светот, Кина избега на врвот на листата на медали откако стигна до 19 злата досега на Летните Олимписки игри, два повеќе од Јапонија, а дури пет од САД после седум дена на Игрите во Токио.

Кина има вкупно 40 медали од кои 19 злата, па откако вчера го презема врвот, сега на ривалите им избега, па Јапонија со 17 злата од 28 медали и понатаму е втора, а САД со 14 злата од 41 медал на третото место.

Русија стигна до двоцифрен број на најсјајни одличја со 10 од вкупно 34 медали, Австралија дојде до девет, а Велика Британија има шест злата во самиот врв на листата.

Хрватска со три златни медали и вкупно шест одличја сега е најдобра земја од Балканот, пласирана на 14-та позиција.