Јапонски епидемиолог: Тешко дека ќе го победиме коронавирусот, надобро е ОИ да се откажат!

Откако Олимписките игри во Токио беа одложени за наредната година поради пандемијата на котонавирус, се почести се изјавите од светските епидемиолози дека најголемиот спортски настан  треба да биде целосно откажан.

Еден од оние кои имаат вакво мислење е и епидемиологот и поранешен стручен советник на јапонските власти, Кентаро Ивата, кој го сподели своето мислење за Олимписките игри во 2021 година.

Ќе биде тешко да се победи новиот коронавирус низ целиот свет до следната година, и затоа, одржувањето на Летните олимписки игри во Токио, најверојатно, ќе треба да се откажат. Прво, Јапонија мора да го победи коронавирусот, и второ, вирусот мора да биде потиснат во другите земји. Можеби е можно да се исполни првиот услов до следната година. Вториот услов? Во оваа прилика, јас сум многу песимист, изјави Ивата, па додаде:

Голем број луѓе од различни земји учествуваат на Олимпијадата, што не е многу во согласност со условите во кои сме сега и, најверојатно, ќе продолжиме да бидеме во следната година.