Француски рагбисти завршија во затвор поради – сексуално злоставување!
Двајцата во моментот на апсењето биле на јужноамериканска турнеја со француската репрезентација.
„Засега не ги знам деталите. Истрагата е во тек и доколку се потврдат наводите се работи за многу сериозна работа. Потпретседателот на синдикатот Жан-Марк Лерем и јас пристигнавме овде од Париз веднаш штом дознавме за овој случај“, изјави претседателот на францускиот рагби сојуз, Флоријан Грил.
Тој најостро го осуди срамниот потег на споменатите рагбисти.
„Нашите мисли се со жртвата. Повторувам, доколку се потврдат обвинувањата, однесувањето на овие играчи е спротивно на се што претставува рагбито“, дополни Грил по пристигнувањето во Буенос Аирес.