Димевски не дозволи изненадување и доби нов мандат за прв човек на МОК (ФОТО)

Даниел Димевски и во наредниот период ќе остане на чело на Македонскиот олимписки комитет (МОК), откако денеска доби поддршка од 45 од вкупно 62 членки на Собранието, а на кои вечерва присуствуваа 55 од нив.

Неговиот нов мандат е исто така на четири години, но дали ќе ги „одработи“ сите зависи од Иницијаторите за промени, кои овој пат не успеаја да обезбедат критична маса за негова смена. Без разлика што на нивниот завчерашен неуспешен обид за Вонредно Собрание присуствуваат 27 членки, овој пат бројката на незадоволни федерации и спортисти беше сведена на десет од кои осум беа против на двајца беа воздржани.

Димевски на чело на МОК дојде во 2020 година на местото на Васил Тупурковски, кога во жестока битка излезе како победник од дуелот со противкандидатката, Александра Војнеска-Зикова.