Божем ЛОИ треба да се спортски игри, а во 2024 година олимписки спорт ќе биде – брејкденс?!

Организаторите на Летните Олимписки игри во Париз во 2024 година најавија дека ќе предложат како нов олимписки спорт да биде - брејкденсот.

Иако баш брејкденсот нема ништо со спорт, сепак во Париз сакаат уличниот танц од Њујорк да се најде на листата на спортови на најголемиот спортски настан. За ЛОИ во Токио идната година, домаќините воведоа три нови спорта и тоа спортско качување, сурфање и скејтбординг.

Инаку предлогот за воведување на брејкденс како олимписки спорт го дал претседателот на организацискиот одбор во Париз, Тони Естанж. Конечната одлука дали ќе биде вклучен како олимписки спорт, Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) ќе донесе одлука по ЛОИ во Токио во 2020 година.