Анастасија Мојсовска ќе ја претставува Македонија на ЛОИ во Париз

Македонија ќе има уште еден претставник на Летните Олимписките игри (ЛОИ) во Париз, а тоа е Анастасија Мојсовска од спортско стрелаштво.

Мојсовска ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка - жени 60 истрели додека натпреварот ќе се одржи на 28 јули годинава.

Македонката има само 22 години, но е докажан стрелец и повеќекратен државен шампион и рекордер на Македонија.

„Мојсовска тоа го докажа на последниот Светски куп во Минхен 2024 каде оствари нов Државен рекорд и висок светски резултат од 628,8 кругови кој е конкурентен за влез во финале на претстојните Олимписки игри во Париз 2024 споредено со претходните Олимписки игри во Токио каде што за влез во финале беа потребни 628,5 кругови“, објави Македонскиот олимписки комитет.

Македонија ќе ја претставуваат и други двајца спортисти, а тоа се Дарио Ивановски во атлетика и Мила Рељиќ во таеквондо.