Познати се датумите и градовите домаќини на ЕП во одбојка

Бордот на ЦЕВ денеска го одреди точниот календар за најголемиот континентален одбојкарски настан, Европското првенство, кое ќе почне на први, а ќе трае до 19 септември во Полска, Чешка, Финска и во Естонија.

Натпревари ќе има во шест града: Краков, Гдањск, Катовице, Острава, Тампере и во Талин, во секој по една група и соодветна фаза од првенството, со тоа што сигурно се знае дека завршните мечеви за медали ќе се одвиваат во Катовице.

Покрај македонската репрезентација, Летонија, Турција и Бугарија обебзедија учество преку квалификациите, а на септемврискиот еврошампионат ќе бидат и коорганизаторите, како и најдобрите осум селекции од последниот самит.  Се чекаат уште осум тима да се пласираат преку квалификациите.

Ждрепката за групите на ЕП 2021 ќе биде извршена откако квалификациите ќе завршат целосно, што е предвидено за првата половина на мај.