Одбојкарки бојкотираат турнир во Доха, зашто не им дозволуваат да играат во – бикини

Германскиот одбојкарски тандем, Карла Богер и Јулија Суде, актуелни светски вицешампионки во одбојка на песок го бојкотираат турнирот во Доха (Катар) од бизарна причина – домаќинот поради шеријатски закони не дозволува одбојкарките да играат во бикини.

Германките, а според најавите уште низа други одбојкарски тандеми, одбиле присуство зашто нема да играат во омилените комплети, со кои посебно возбудлива станува одбојката за машката популација, поради разголените девојки меѓу мрежата.

„Ние си ја работиме нашата работа, ама спречени сме да си ја носиме нашата 'спортска облека'. Ова е единствена земја на светот и единствен турнир каде Владата кажува како ние да си ја работиме работата. Нас тоа не ни се допаѓа и нема да играме“, вели Боргер.

На овој турнир кој е дел од турнеја во организација на ФИВБ, одбојкарките ќе мора да носат долги маички и тренерки, наместо бикини, што потврди и светската одбојкатска федерација со образложение дека „така се почитува културата и традицијата на домаќинот“.

Досега во Катар се играше само машка одбојка на плажа.