Одбојкарите денеска против Азербејџан ја бараат првата победа во Златната лига

Македонската одбојкарска репрезентација денеска од 17:30 часот во Беверен ќе се соочи со Азербејџан во рамки на третиот натпревар во Европската златна лига. 

Нашиот тим ја стартуваше сезоната со два порази на турнирот во Струмица, каде загубивме со 1-3 од Естонија и со 0-3 од фаворитот Чешка. Денеска избраниците на селекторот Хари Наковски имаат шанса да дојдат и до првата победа.

Азербејџан има три порази од три натпревари, а синоќа на турнирот во Беверен загуби од домашната селекција на Белгија со 3-0. Македонија утре ќе ги одмери силите со Белгија во рамки на 4.коло. 

Следниот викенд нашите репрезентативци се селат во Осиек, каде на програмата е и третиот турнир од Златната лига, а таму ќе играме со Хрватска на 31.мај и со Шпанија на 1.јуни.