Македонските одбојкари ги дознаа ривалите во Сребрената лига

Македонската одбојкарска репрезентација денеска ги дозна противниците за групната фаза на Европската сребрена лига за 2022 година, па повторно одбојкарите ќе се обидат да го освојат златниот медал.

Системот е променет, па така најдобрата репрезентација од четири во групата ќе заигра на завршниот турнир, а Македонија во групата Б ќе се соочи против Романија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Ќе се играат по два натпревари со сите противници, а по шест кола ќе биде познат патникот во следната фаза од натпреварувањето, кое ќе стартува на 25 мај.

Македонија првиот натпревар го игра на 25 мај против Босна и Херцеговина, по што следи гостување кај Романија, па два меча против Албанија. Потоа ја пречекуваме Романија на домашен терен и гостуваме кај БиХ.

Завршниот турнир ќе се одржи во Унгарија на 18 и 19 јуни следната година, а Македонија се надева на златен медал.