Капитенот доминира: Ѓорѓиев втор ден по ред – играч на денот според ЦЕВ!

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев втор ден по ред е избран за играч на денот според ЦЕВ(Европската одбојкарска репрезентација).

И тоа не треба да чуди, зашто капитенот ја предводеше селекцијата до спектакуларната победа среде Љубљана против фаворизираниот ко-домаќин Словенија со 3-1 во сетови, остварувајќи 24 поени. Завчера Ѓорѓиев имаше 37 поени во победата против Белорусија, кога исто така беше избран за играч на денот во групата Ц.

За неполни 24 часа, сооглед дека против Белорусија игравме во вечерен термин, а со Словенија во пладневен, Ѓорѓиев собра 61 поен.

Покрај Ѓорѓиев, награда играч на денот во групата А понесе и Алешандре Фереира од Португалија со своите 15 поени.