Без промени во одбојката: Јовановски останува претседател на ОФМ!

Петар Јовановски уште четири години ќе биде претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, откако ја доби довербата од делегатите на денешното изборно собрание.

Негов против кандидат за претседателската позиција беше поранешниот репрезентативец Јовица Симовски, но Јовановски убедливо го доби гласањето. За старо-новиот претседател гласаа 17 делегати, додека Симовски доби само четири гласа.

Јовановски е на чело на федерацијата уште од 2009 година, а под негово водство нашата машка репрезентација изминативе години остварува значајни резултати на меѓународната сцена, што колуминираше со историски прв пласман на Европското првенство минатата година.