ОФИЦИЈАЛНО: Нурмагомедов договори борба со Фергусон

Хабиб Нурмагомедов се враќа во УФЦ на 18 април, кога во Њујорк ќе се сретне во октагонот со Тони Фергусон. 

Двајцата борци веќе ги потппишале договорите за борбата, а и за Нурмагомедов, но и за Фергусон тоа ќе биде само втора борба во последнава година. Нурмагомедов, кој е актуелен шампион во лесна категорија со перфектен скор од 27-0.

Фергусон досега во кариерата има 25 победи и три порази, а интересно ова е петти пат како е закажана борба помеѓу двајцата. И Нурмагомедов и Фергусон по два пати се повлекоа од нивната меѓусебна пресметка поради повреди. 

Навивачите се надеваат дека петтиот пат ќе биде среќен и Нурмагомедов и Фергусон конечно ќе се пресметаат во октагонот.