На противникот му резервира место во болница, зашто ќе го – претепа!

Скот Асхам и Мамед Халидов ќе се соочат во пресметка во средна категорија во КСВ-ММА утревечер, но потегот што Англичанецот Асхам го направи пред борбата е повеќе од – урнебесен.

Асхам ја брани титулата, а пред борбата заминал во една болница за да резервира место за трансплантација на црниот дроб. Резервацијата ја направил за Халидов, сметајќи дека ќе го претепа, како што тоа го стори со претходните двајца предизвикувачи за круната.

Но, зошто баш трансплантација на црн дроб? Против првиот предизвикувач Михал Матерла победи баш со удар во пределот на црниот дроб, а потоа истиот противник го доби вторпат со нокаут пак на истото место.

Асхам има скор 18-4, додека Халидов има 34-6.