Мекгрегор се повреди - пропадна борбата со Чендлер!

Ирскиот борец Конор Мекгрегор нема да се врати во рингот на крајот на месецот, а тоа го потврди претседателот на УФЦ, Дена Вајт.

Вајт објави дека Мекгрегор и Мајкл Чендлер нема да се борат затоа што Ирецот се повредил и засега не е познато колку ќе паузира.

Главен настан на УФЦ 303, на местото на Мекгрегор и Чендлер, ќе биде битката меѓу Алекс Переира и Јиржи Прохаска.