Мекгрегор не престанал да плаче по првиот пораз: Морав да го тешам по борбата...

Артемиј Ситенков, првиот борец кој го победил Конор Мекгрегор, раскажа колку бил разочаран ирскиот борец по поразот.

Сите љубители на ММА знаат што значи поранешниот УФЦ-шампион да загуби борба, но малкумина знаат дека плачел по првиот пораз.

„Конор почна да ме навредува уште пред да се бориме, но не бев импресиониран затоа што се боревме во мојата држава. Конор подоцна плачеше на под неколку минути, беше разочаран. Морав да одам во неговата соблекувална за да се обидам да го утешам, но тој не престана да плаче“, раскажува Ситенков.