Хабиб близу до пензија: Таткото на рускиот „орел“ објави кога ќе заврши кариерата во УФЦ!

Уште пред да се бори со Дастин Порие, рускиот „орел“ Хабиб Нурмагомедов најави дека нема уште долго да остане во светот на ултимејтфајтот, но не кажа точно до кога ќе се бори (рече дека нема да чека 40 години), но сега таткото на непобедливиот шампион Абдулманап јасно стави до знаење уште колку борби ќе гледаат љубителите на ултимејтфајтот со неговиот син.

Нурмагомедов пред една недела го победи Порие за 28 победа во исто толку борби и вторпат ја одбрани титулата, откако прво Конор Мекгрегор го победи со технички нокаут, а сега го „задуши“ и Порие. Сега се најавува дека Тони Монтана ќе биде следен противник на Дагестанецот, а ако не римеч со Мекгрегор.

Но, Нурмагомедов не сака борба ни со еден од двајцата, а Абдулманап посочи дека уште две борби ќе има „орелот“ пред пензија и во тие последната сакаат да биде во Москва пред да замине во пензија.

„На Хабиб би му биле доволни 30-0. Што значи уште две борби до крајот. Посакува последната борба пред да оди во пензија да биде во Москва“, вели Абдулманап.