Ужас во Мексико: Борач фрли судија на подот и - го усмрти на лице место!

Стравична трагедија го потресе светот на борењето во Мексико, откако 75-годишен судија го загуби животот за време на локален турнир.

Фаталниот инцидент се случил кога борачот Хосе Анхел го фрлил повозрасниот судија на подот од рингот, по што тој останал да лежи неподвижен. Гледачите во салата првично мислеле дека падот и неподвижноста на судијата се само дел од планираната претстава, со оглед на тоа што мексиканското борење е надалеку познато по своите однапред осмислени и театрални сцени. Сепак, ситуацијата набрзо добила алармантен тек откако станало јасно дека не станува збор за глума. Медицинската екипа итно интервенирала и влегла во рингот во обид да му помогне на судијата, но лекарите можеле само да констатираат смрт на лице место.

Поради овој трагичен исход, локалната полиција веднаш го привела борачот Хосе Анхел, кој сега се соочува со сериозно обвинение за предизвикување смрт од небрежност. Надлежните органи продолжуваат со детална истрага за да ги утврдат сите околности околу инцидентот.