Македонското знаме на тронот во Алжир! (ФОТО+ВИДЕО)

Македонскиот борач Магомедгаджи Нуров испиша историски успех за Македонија, откако ѝ го донесе златниот медал во категоријата до 97 килограми слободен стил на Медитеранските игри.

Нуров губеше со 0-3 од Фејзула Актурк, но сепак успеа да се врати и најпрво да намали на 2-3, а потоа во последните секунди со неверојатен зафат да го освои златниот медал (4-3), по што го развеа македонскто знаме на тронот во Алжир.

Во чест на победата на Нуров ечеше и македонската химна во Оран по огромниот успех на македонскиот борач.

ФОТО: МОК