Голема тага во САД: Пронајдено телото на кечерот кој се жртвуваше за да го спаси синот!

По неколкудневна потрага, конечно е пронајдено телото на поранешната ѕвезда на ВВЕ организацијата, Шад Гаспард, кој трагично настрада во Калифорнија.

Шад влегол во вода со својот 10-годишен син, а потоа силните струи ги одвлечкале во длабочината на морето. Спасувачката екипа реагирала брзо и спасила група луѓе, меѓу кои и неговото дете, но познатиот кечер изчезнал од видикот на спасувачите.

Сепак, телото на несреќниот спортист наскоро било забележано на една од плажите. Веднаш било утврдено дека станува збор за Гаспард, кој и официјално е прогласен за мртов.

Гаспард со последните атоми на силите успеал да го спаси синот, а потоа исчезнал веднаш откако го предал на спасувачите. По повеќе од два дена неуспешно пребарување, телото се појави на една од плажите.

Шад се стекна со слава како дел од тимот на Крим Тајм во ВВЕ организација, а покрај кечеркста кариера се проба и во делот на актерството каде одлично му одеше. За жал, сè е прекинато со трагичната смрт.