Ужас: Боксер ја фрлил бремената љубовница од мост и - пукал по неа!

Порториканскиот боксер Феликс Вердехо (27) се соочува со смртна казна, откако ѝ се предаде на полицијата поради сомнение дека ја убил својата бремена љубовница. 

Кејшла Родригез исчезнала во петокот, по што американското ФБИ почнало истрага, која брзо завршила со наоѓање на нејзиното безживотно тело. Таа била идентификувана, а Вердехо веднаш станал „лице од интерес“ на полицијата и властите. Кратко откако почнала истрагата боксерот решил сам да се предаде.

Боксерот познат под прекарот „Дијамант“ е обвинет дека прво ја киднапирал девојката од нејзиниот автомобил, ја претепал и потоа дека и дал одредени супстанци по што ја врзал за бетонски блок и ја фрлил од мост. Дури и тоа му било малку, па пукал по неа, лут поради нејзината бременост. Вердехо е женет со Елзи Мари Сантијаго Сиера. Според семејството на жртвата боксерот и Родригез имале 11-годишна љубовна врска пред тој да се ожени. Откако останала бремена од него, боксерот барал од Родригез да ја прекине бременоста. Очигледно девојката не се согласила и тоа резултирало со насилно убиство.  Полицијата смета дека Вердехо имал и соучесници во ова гнасно злодело.

Вердехо, кој има 29 професионални борби со 27 победи, од кои 17 со нокаут, во 2012 година беше претставник на Порторико на Олимписките игри во Лондон.