Со брутален нокаут го „заспа“ противникот! (ВИДЕО)

Бразилскиот боксер Алекс Переира ја одбрани шампионската титула во средна категорија. Тој со брутален нокаут го победи предизвикувачот Еругрул Бајрак на крајот од првата рунда

Переира фантастично го погоди противникот со лево кроше точно на истекот од првата рунда и со тоа сосема заслужено ја одбрани титулата.

За 32-годишниот Бразилец ова е 41-ва победа во кариерата, од кои 30 ги доби со нокаут, а има и шест порази.