Откриено колку пари ќе заработи Мејведер од борбата во Јапонија

Искусниот боксер Флојд Мејведер се враќа во рингот на 29. декември, а неговиот противник ќе биде јапонскиот кикбоксер Теншин Насукава.

Во својата боксерска кариера Мејведер има 50 победи и ниту еден пораз, а тешко може да се каже дека младиот Јапонец ќе може да постигне резултат како еден од најдобрите на сите времиња.

Јапонците открија дека легендарниот боксер ќе заработи огромна сума пари, односно 88 милиони долари. Поточно, Флојд ќе добие 62 милиои долари од организацијата и уште 26 милиони од ТВ-правата.

Оваа сума е многу помала од таа која ја заработи против Конор Мекгрегор и изнесуваше 275 милиони долари.

Во претходните месеци Флојд се поврзуваше со многу борци, како Хабиб Нурмагомедов, но тоа сепак нема да се случи.