Нов спектакл: Руиз добил милионска понуда за да се бори против Вајт
Руиз на први јуни минатата година го изненади светот со победата против Ентони Џошуа, но Британецот ја врати титулата на седми декември во Саудиска Арабија, кога го декласираше Мексиканецот.
Потоа Руиз зема пауза и замина на одмор, но по еден месец се врати и веднаш доби милионска понуда од Еди Хeрн.
„На Руиз му испративме понуда. Станува збор за голема сума, но тој можеби мисли дека не се доволно пари. Сепак, тоа е сума која би моежла да го врати во игра“, кажа Херн.
На Мексиканецот му била понудена борба против Дилијан Вајт, кој има 27 победи и само еден пораз во кариерата.