Неверојатно: Нокаут во бокс со голи раце за само - шест секунди (ВИДЕО)

Пресметката меѓу Рубен Вор и Роби Пералта се очекуваше да биде вистински спектакл, меѓутоа истата заврши за само шест секунди.

Уште во првата размена на удари, Вор незгодно го погоди Пералта и го испрати на подот на рингот, по што судијата го прекина мечот.