Кличко со одличен гест реши да помогне во борбата против коронавирусот (ФОТО)

Светот изминативе неколку недели се бори со пандемијата на коронавирусот, а скоро сите спортски натпреварувања се прекинати.

Многу познати спортисти донираа пари за да помогнат во борбата против коронавирусот, а на таков чекор се реши и поранешниот шампион во тешка категорија, Украинецот Владимир Кличко.

Кличко ќе им овозможи на сите луѓе кои имаат потреба од бесплатен престој во неговите хотели во Украина.

Исто така, преку својот Твитер-профил испрати порака до сите луѓе во која се вели дека треба да останат обединети во нивната борба против коронавирусот.